Категории

Најважните совети кои морате да ги знаете кога ќе излезете на состанок со некоја личност

Нема голема филозофија, едноставно држете се до овие совети и се ќе помине во најдобар ред

Ако сте сингл, веројатно често слушате добронамерни совети и коментари за вашиот љубовен живот, кои веројатно доаѓаат од личности кои се веќе долги години во брак, а тоа значи дека не излегле нити на еден состанок веќе со години, и немаат појма за динамиката и предизвиците на современиот дејтинг. Добронамерните совети кои ви ги нудат, можете да ги добиете само од оние кои знаат за што зборуваат, затоа што и самите се наоѓаат во тоа. Ова се совети од сингл личности кои се присутни на дејт сцената, онлајн и во живо.

Пробајте нешто по интерактивно од кафе-состанок
Можете да постигнете многу подобар увид за нечиј карактер, стил, темперамент, ако заедно искусите нешто, отколку ако седите и разговарате со кафе или сте излегле во ресторан. Одете на концерт, утакмица, изложба, музеј, кино.. Прво, сигурно вашиот состанок нема да пропадне затоа што ќе присуствувате на нешто што ве интересира, а второ, ќе имате за што да разговарате. Кога некој го споделува својот став за нешто (или бидејќи му се допаднало или го заморувало), настапува по искрено и по спонтано, па многу побрзо ќе добиете впечаток за некој и тој за вас.

Дајте му шанса само на некој кој ве интересира
Немојте да го прифаќате секој повик, верувајте дека тоа е основно правило на состанувањето – единствено што сигурно може да ви се случи кога ќе излезете сто пати со некој кој ви е досаден, напорен, арогантен, очаен, оној првиот кој ви бил сосема просечен (имал добра смисла за хумор и убава насмевка) ќе виделува како принц од бајките.

Бидете чесни спрема себеси
Излезете на пијалок со некој, заота што ви се оди на пијалок – имате причина за да прошетате, да поседите во кафич, да бидете меѓу луѓе и тоа ќе ви годи. Ако личноста со која сте излегле не ви одговара, не ви е интересна, барем сте го посетиле местото на кое одамна сте сакале на одите.

Имајте отворен ум
Излегувајте и со оние кои не се ваш тип. Можете да откриете сосема нов начин на кој некој може да ви се допадне, а и полесно е да ги воочите вистинските вредности кај некој спрема кој гаите наклонетост однапред, само затоа што е ваш тип.

Не треба да бидете совршени, доволно е да бидете автентични
Ако сте искрени во комуникацијата и не се обидувате да се прикажете подобри од тоа што сте, поголеми се шансите дека ќе се разберете подобро со некој а можеби и подобро ќе се поврзите. Лажното претставување па макар и во ситници е препрека во поврзувањето.

Прегледи:
382
Објавено на:
02.01.2020