Категории

Најважното нешто кое можете да го направите во животот е – Да го следите вашето срце!

Осмелете се да ги барате добрите страни на животот денес и да речете: Ги има малку и треба да ги побарате внимателно. Ставете ја раката на срцето и почувствувајте го неговото чукање. Што ви кажува тоа? Вие сте живи и здрави. Можеби не звучи толку гламурозно, но нема поголема вистина во животот. Можете ли да замислите каков благослов е тоа. Бидете способни да се исправите и да ја следите насоката на срцето. Имајте некоја цел и причини зошто сакате да ја постигнете. Смејте се, шегувајте се, бидете во можност да направите нешто за некого.

Никој од нас не може да се заблагодари доволно за животот. Ние сме во приказна каде што го знаеме почетокот, но не го знаеме крајот. И често ни изгледа како круг. Ред на среќа, ред на несреќа. Ред убави работи, ред тешки работи. Но, од сето тоа учиме нешто. Стануваме нешто. Коцките на животот ги ставаме во еден посебен мозаик. Некогаш ни изгледа како чудо, а некогаш како некој страшен филм кој сакаме што побрзо да го заборавиме. Но, така е – така е. Ние немаме друг живот освен овој!

Прегледи:
504
Објавено на:
16.01.2022