Категории

Највкусните палачинки на светот: Суфле палачинки (РЕЦЕПТ)

Вкусни, лесни, меки палачинки со сосема поинаков изглед ќе ги воодушеви скоро сите.

Дали сакате да ги изненадите вашите гости, деца или само сакате некои поинакви палачинки? Тогаш суфле палачинките се токму она што го барате!

 

Состојки:

  • 3 белки
  • 2 жолчки
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 30 гр. брашно
  • 15 гр. млеко
  • 10 гр. масло
  • 50 гр. шеќер

 

Подготовка:

  1. Одделете ги белките од жолчките.
  2. Во тава изматете ги жолчките со путер, додајте го екстрактот од ванила, млекото и маслото.
  3. Полека додавајте го брашното во течната смеса. Брзо мешајте за да не се појават грутки.
  4. Посебно изматете ги белките и направете цврст снег. Постепено додавајте 1/3 од шеќерот и добро измешајте.
  5. Во смесата со жолчките, додадете малку од белките и брзо мешајте. Потоа постепено додавајте ја преостанатата смеса, мешајќи полека за да ја задржите масата воздушна.
  6. Вклучете го шпоретот и подмачкајте ја тавата.
  7. Температурата на тавата мора да биде помеѓу 130°C и 140°C.
  8. Користејќи шпатула за сладолед, фатете од смесата и убаво ставете ја во тавата. Потоа ставете друга “топка” на секој куп.
  9. Истурете 1 лажица вода во тавата и печете со покриен капак 4-5 минути.
  10. Внимателно превртете ги палачинките со шпатула и внимавајте да не ги оштетите.
  11. Послужете со шеќер во прав и малку путер.
Прегледи:
845
Објавено на:
13.01.2020