Во тек е модната недела во Мајами посветена на костимите за капење а ние ви ги претставуваме најжешките парчиња од најновите колекции за ова лето.
Овој моден настан е еден од најпопуларните но не само поради тоа што познатите брендови ги претставуваат најновите колекции туку и поради тоа што присуствуваат голем број познати ѕвезди а оваа година помеѓу елитните гости во првите редови се нандоа Леонардо ДиКаприо, Шанина Шајк, Ник Кенон, Лејтон Мистер, Аудрин Патриџ и многу други.
Оваа година изборот на костими за капење беше доста колоритен и разигран, доминираа шаренолики едноделни и дводелни бикини со тропски дезени и впечатливи бои.. Подолу проследете ги најпопуларните парчиња..