Категории

Најжешките мејкап трендови за 2020 година

Дали сте подготвени?

Само половина месец не дели од влегувањето во новата година, а ние ви ги донесуваме трендовите кои ќе бидат актуелни, за да ја дочекате новата 2020 целосно подготвени.

Познатите мејкап артисти открија кои начини на шминкање ќе бидат актуелни во наредниот период. Во текот на 2019, играњето со боите беше ин, па не беше необично да се видат сенките во неон нијанси, а сега ни следи година кога овој тренд и понатаму ќе биде на врвот, но исто така и минимализмот ќе добие свое место во светот на убавината.

Циркони на капаците
За оние кои се спремни и храбри да си поигруваат со шминката, овој тренд особено ќе им се допадне.

Алајнер во боја
Црниот алајнер веќе е надминат, оваа година се во тренд силните бои.

Црвена сенка
Досега црвената сенка беше строго заобиколувана кај мејкап трендови, но оваа година таа конечно станува актуелна.

Кармин во силни неон бои
Овој трен неколку години не беше актуелен, но во наредната ни доаѓа по самоуверен од било кога. Слободно експериментирајте со нијансите. Тешко дека некој ќе може да му одолее.

Прегледи:
789
Објавено на:
22.12.2019