Ако сте сеуште воодушевени од змејската огрлица која Денерис Таргариен ја носеше во 5тата сезона, тогаш имаме добри вести за вас.. Сите странски обожавателки на оваа серија можат да набават накит ист како оној кој го носат ликовите во серијата.
Добитничката на Еми награда за најдобра костимографија – Мишел Клептон во соработка со лондонскиот бренд за накит Yunus & ELisa создадоа специјална колекција инспирирана од серијата.
Дизајнерката работеше на парчињата накит кои ликовите ги носеа во серијата и поради огромната популарност која ја добија таа реши да создаде парчиња за широка потрошувачка и со тоа страсните фанови можат да го набават истиот накит на ликовите.
Неофицијалните информации гласат дека во склоп на колекцијата во продажба ќе бидат пуштени и оригиналните парчиња од серијата.