Категории

Наместо да одите под нож, помешајте јаболко и млеко за цврсти и здрави гради

Редовната хидратација е многу важна, а рутината за нега секако треба да ја надополните со маските кои ќе ја хранат кожата на градите, за да биде цврста, мека и нежна.

За да бидат цврсти и убави, на градите им е потребна правилна нега. Кожата на градите е исклучиво осетлива, склона кон оштетување и предвремено појавување на бори. За да остане затегната, важно е интензивно да ја негувате.

Маска за освежување

Излупете портокал и ставете го во блендер. Изматете една белка, промешајте ја со портокалот, па смесата нанесете ја на вратот, деколтето и рамениците. Оставете да делува 15 минути и измијте се со млака вода.

 

Хидратантна маска

Изгмечете неизлупена краставица во блендер за да добиете каша. Нанесете ја кашата на градите, оставете да делува 15 минути и измијте се со млака вода.

Маска за зацврстување

За оваа маска потребни ви се две јаболки (или чист сок од јаболки) и литар млеко. Јаболките исецкајте ги на ситни парчиња, додадете млеко и варете додека не добиете смеса. Кога ќе се олади, маската рамномерно нанесете ја на градите. Оставете да отстои 15 минути, па измијте ја најпрво со топла, а потоа и со ладна вода. Со ова најизменично туширање ќе го зголемите ефектот на зацврстување.

 

Прегледи:
496
Објавено на:
22.06.2018