Категории

Нанесете ја кремата за самопотемнување на овој начин и бојата ќе ви трае подолго!

Нееднаква боја, портокалoви дамки и нееднакво паѓање на бојата… За да не ви се случуваат овие несакани последици од нанесувањето на крема за самопотемнување, следете ги следните совети.

1. Задолжително направете пилинг пред секое нанесување

Ова може да се нарече пресуден чекор. Подготовката на кожата е многу важна за да ги отстраните мртвите клетки или вештачкиот тен кој сте го нанеле пред неколку денови. Направете темелен пилинг за да бидете сигурни дека вашата кожа е потполно чиста и мазна.

2. Изберете проверен производ

Пазарот е презаситен со вакви производи, особено во последно време и изборот не е едноставен. Сепак, живееме во дигитално време и лесно е да се види кој производ ја заслужува титулата најпродаван и кој има најдобри рецензии. Одберете производ кој гарантира маслинест тен.

3. Нанесувајте го произодот со ракавица

Ова е многу важен чекор, бидејќи на тој начин ќе постигнете најдобри резултати. Нанесувањето со прсти може да резултира со нееднаква боја и жолти дланки, што сигурно не сакате да го постигнете.

4. Депилација или бричење пред нанесување на крема

Никако не го прескокнувајте овој чекор пред нанесување на производ за самопотемнување. Доколку се издепилирате по нанесувањето, ќе го отстраните вештачкиот тен.

5. Не заборавајте да ја хидрирате кожата

За да се задржи бојата подолго и да е се избрише на одредени места на телото, секојдневно, барем еднаш дневно намачкајте се со хидратантен лосион за тело. Лактовите, колената и зглобовите мачкајте ги и по два до три пати на ден.