Категории

Направете едноставен и вкусен мал сладок десерт (РЕЦЕПТ)

Труфлите се неодоливи чоколадни топчиња. Се подготвуваат многу едноставно, од само неколку состојки, а многумина тврдат дека се најслаткиот десерт на светот. Уверете се и сами.

Состојки:

  • 250 г млеко во прав
  • 300-350 г шеќер
  • 100 г путер
  • 100 мл вода
  • 2-3 супени лажици какао во прав
  • прстофат кардамон

Подготовка:

Најпрво сварете сируп од вода и шеќер. Не мора долго да варите, доволно е да врие 5 минути. Во жешкиот сируп додадете путер и оставете неколку минути да се стопи. Потоа добро измешајте додека не се соедини смесата.

Помешајте ги во чинија какаото и млекото во прав. Сирупот со какаото и млекото во прав ставете ги во чинија и добро промешајте. Потоа додадете и кардамон или друг ароматичен зачин (цимет, ванила). Сето тоа измешајте го и ставете ја смесата во фрижидер 30-40 минути добро да се олади. Смесата обликувајте ја по желба и мешајте ја во какаото.

Слатките исто така можете да ги мешате во сечкани ореви, бадеми, лешници, кокос.

Прегледи:
476
Објавено на:
09.09.2021