Категории

Направете маска од компир и јајца: Најефикасен отстранувач на подочниците и уморот!

Иако подочниците и темните кругови околу очите се безопасни, тие ве прават да изгледате уморно и постари. Недостатокот на сон е најголем „виновник“ за тоа, но и овие маски можат да ви помогнат да изгледате посвежо.

Маска од компир и јајце

Потребен ви е еден помал компир и една белка. Исчистете го и излупете го компирот, па ставете го во блендер заедно со белката, за да направите паста. Нанесете ја пастата на чиста крпа или парче платно., па ставете ја преку очите и држете 20-30 минути. Измијте ја со млака вода.

Ензимите кои се наоѓаат во компирот го намалуваат задржувањето на водата во подрачјето околу очите. Комбинацијата од студ и скробот од компирот ќе развијат антизапалителен ефект и ќе ја намалат подуеноста на кожата околу очите.

Јајцето ја подобрува циркулацијата на крвта и така ги намалува „кесичките“ околу очите.

Прегледи:
561
Објавено на:
08.01.2019