Категории

Направете неодолив посен колач! (РЕЦЕПТ)

Едноставен, вкусен и совршен за велигденските пости!

Состојки за кора:

  • 400 мл вода
  • 18 лажички меко брашно
  • 13 лажички шеќер
  • 3 лажички џем
  • мармалад по избор
  • 100 г посен мелен кекс
  • 4 лажички масло
  • 2 лажички какао во прав
  • 2 лажички сода бикарбона

Фил:

  • 125 г маргарин
  • 100 г шеќер во прав
  • 100 г чоколадо
  • 100 г мелени ореви
  • 200 г мелен кекс
  • 200 мл сок од портокал

Глазура:

  • 100г чоколадо
  • 3 лажички масло

Подготовка:

Вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени. Во топла вода изматете 13 лажици шеќер. Додадете масло и џем и промешајте повторно. Потоа, додадете брашно, какао, сода бикарбона и кекс (може и ореви) и сѐ заедно изматете. Во плех со димензии 30 x 20 цм ставете хартија за печење и ставете ја смесата. Ставете ја кората на хартија за печење па ставете ја смесата. Печете ја кората 13 минути. Печената кора оладете ја.

Изматете го пенливо маргаринот со шеќерот во прав и додадете го мелениот кекс и со миксер изматете. Масата ќе биде густа и сува, но не грижете се, се додава сок. Потоа додадете го ренданото чоколадо и мелените ореви. Повторно со миксер вклучен со мала брзина соединете.

Потоа полека истурете го сокот и матете додека не добиете маса која може да се намачка на кора. Нанесете ја на кората и израмнете. Истопете чоколада со масло за глазура па прелијте преку колачот. Оставете чоколадата да се зацврсти и послужете.
Добар апетит!
Прегледи:
1283
Објавено на:
19.04.2019