Категории

НАСА објави фасцинантни сателитски фотографии од цветање на дивите автохтони цветови

Секоја пролет, Антилопската Долина во Калифорнија буквално експлодира со бои од разните диви цветови кои цветаат тука. Иако има многу цветови, „ѕвездата на шоуто“ е заштитниот знак на Калифорнија – Калифорниската ешолција (анг. California poppy; лат Eschscholzia californica).

Обично, многу посетители одат таму во пролет, за да ги гледаат овие воодушевувачки глетки. Меѓутоа, резерватот е затворен поради мерките за превенција на COVID-19, па така, НАСА оваа година ни даде една поинаква, птичја перспектива на цветањето.

Низ соларните фарми и зелените пасишта, светло портокаловите цветови неверојатно многу се истакнуваат. Оваа година имаше повеќе дожд од обично во тие предели, па се очекува и цветовите да траат подолго од обично.

 

Прегледи:
517
Објавено на:
12.05.2020