Категории

Нашминкајте се сами со помош на овие мејкап совети

Сакате да ја промените својата секојдевна рутина при шминкањето и да го освежите своето лице со поинаков изглед? Овие идеи за тренди шминка ќе ви помогнат да го пронајдете вашиот омилен изглед.

Дискретен ајлајнер + nude кармин

Ако не сте од оние кои сакаат силна шминка – ако на пример, црвен кармин и сина сенк, суптилен ајлајнер како и кармин во боја на кожа е правото решение за вас. Можете да ги освежите образите со нежно руменило во розева боја, како Кендал Џенер.

Иста боја на кармин и сенка

На Филмскиот фестивал во Кан оваа година, манекенката Адриана Лима го демонстрираше овој тренд, кој е идеален за личности со светли очи, користејќи бронзена сенка и кармин со сличен подтон. Имајте на ум дека само со „nude“ и розевите тонови оваа опција изгледа нежно и свежо.

Блескава Т зона

Хајлајтерот нанесете го на Т зоната и искомбинирајте со црвен кармин, токму како актерката Кејт Босфорд. Лицето ќе добие една свечена, гламурозна и свежа нота.

Сјајна кожа

Маскара, светкав хајлајтер и кафеаво руменило се полн погодок.

Црвен кармин

И понатаму проверен, класичен и секогаш успева – неговото височество црвениот кармин. За многумина овој производ е незаменлив во свечени пригоди и треба да остане така и оваа сезона.