Категории

Наскоро пристигнува батеријата од соништата

Американските научници од Joint Center for Energy Storage Research кои што се занимаваат со проучување на батериите и складирање на енергијатаразвиваат батерија од магнезиум. Батеријата би требала да понуди поголем капацитет и да обезбеди подолго траење на батеријата.

Прелиминарните резултати од нивното истражување покажале дека новите батерии од магнезиум се побезбедни, незапаливи и имаат поголема густина на енергија од литиумот, а со самото тоа и поголем капацитет.

Научниците искористиле комбинација на магнезиум, скандиум и селен кои што имаат подобра подвижност на јоните во однос на електролитите кои што можат да се најдат во литиум-јонските батерии.