Категории

Зошто кога сте настинати се ви се затнува само едната страна од носот?

Веројатно до сега имате забележано дека кога ќе настинете повеќе дишете на едната ноздра отколку на другата. И честопати навечер се вртите со цел да легнете на вистинската страна за да може да дишете. Всушност во текот на денот страните се менуваат и едната секогаш доминира. Зошто е тоа така?

Овој процес е последица на таканаречениот автономен нервен систем, кој е системот што контролира многу работи кои ги прави телото без контрола, како варањето на храната и чукањето на срцето. За носот, овој систем го контролира познатиот „носен циклус“, за секоја ноздра да функционира ефективно.

Носниот циклус се менува повеќепати во текот на денот, според Националната медицинска библиотека на САД. Единствено тоа го забележуваме само кога носот е погоден од настинка. За да ја отворите едната ноздра и затворите другата, телото полни ткиво со крв.

– Зголемениот прилив на крв предизвикува застој, односно блокирање во едната ноздра за 3-6 часа пред да се смени на другата ноздра. Има и зголемено блокирање кога лицето лежи, што може да се забележи доколку главата е свртена на едната страна – вели Џенифер Шу.

Ова чувство е зголемено кога човекот е настинат. Се смета дека овој циклус му помага на сетлото за мирис. Некои миризби се чувствуваат подобро брзо, додека други полека. Така, само со овој циклус може да се чувствуваат сите миризби. Процесот му дава и одмор на носот бидејќи постојаниот воздух може да ги исуши малите влакна кои нè заштитуваат од многу надворешни зарази.

Прегледи:
621
Објавено на:
24.02.2016