Категории

Научете да се почитувате самите себеси

Научете да се почитувате самите себеси така што ќе го отфрлите сето она кое што ја гази вашата вредност, секој оној кој ја смалува и си игра со неа

Научете да се почитувате самите себеси и така нема да го занемарувате фактот како се однесуваат луѓето спрема вас. Доколку ве почитуваат и ценат ќе знаете дека тоа се луѓе кои треба да останат во вашиот живот, но доколку тоа не го прават, тоа е знак дека морате да се ослободите од нив и да побарате подобри искуства во блискоста со другите луѓе.

Научете да се почитувате самите себе така што нема да ги оправдувате другите кои имале лош ден па поради тоа мораат да ви го уништат и вашиот. Тоа се слаби луѓе кои не умеат да си дозволат на некој друг да му е добро кога нив им е лошо. Научете да се почитувате самите себе така што нема да се плашите да бидете поинакви од другите. Кој ви рекол дека морате да бидете исти? По што тоа ќе донесе додатна вредност во вашиот живот? Единствено што е сигурно е дека тоа е сигурен пат до незадоволството.

Научете да се почитувате самите себе така што ќе почнете да размислувате повеќе за целта во вашиот живот, ќе сфатите дека не сте само уште еден случаен минувач, ќе се прашате што е она кое што само вие можете да го направите, кој оган толку силно гори во вашето срце, ќе размислувате за вашите цели и ќе сфатите дека до нив не може да ве донесе никој освен вие самите. Научете да се почитувате самите себеси така што нема да ја спуштате цената на своите способности за да им удоволите на другите само за да сфатите дека сте биле измамени и искористени.

Научете да се почитувате самите себеси така што ќе пронајдете луѓе кои знаат дека не сте совршени но спрема вас се однесуваат како да сте и исто така и вие ќе се однесувате спрема нив. Научете да се почитувате самите себеси и другите ќе го следат вашиот пример.

Прегледи:
587
Објавено на:
19.01.2020