Категории

Научете ја оваа супер-моќ: Како да ги читате мислите на другите луѓе?

Многумина мислат дека читањето на мисли е еден вид на контролен механизам и дека ако можете да го предвидите следниот потег на другата личнос ќе можете да ја манипулирате. Сепак, во секојдневниот живот, т.н. читањето на мислите има многу попрактична улога. Читањето на мислите може да ви помогне да разберете како мислат другите луѓе и и како можете да им помогнете.

Говорот на телото

Говорот на телото е јасен показател за тоа што некој мисли. Кога животните во дивината ја покажуваат својата сила, ги шират рацете, се истегнуваат и се удираат по градите. Всушност, тие со ова го намалуваат нивото на хормонот кортизон, со што го намалуваат стресот. На сличен начин реагираат и луѓето: почнуваат да се муртат кога се нервозни, а тогаш нивото на кортизолот се зголемува. Кога нивото на кортизолот се зголемува може да дојде до несоница, здебелување и сл. Можете да научите многу за менталната состојба на личноста со гледањето на нивните движења, говорот на телото, ставот и нивото на енергијата.

Гледајте ги во очи

Очите, како и телото, можат да откријат многу за нечија личност. Научниците тврдат дека зеницата е вратата на умот. Истата е раширена кај луѓето кои многу размислуваат. Кога мозокот ќе се оптерети зениците се стеснуваат. Исто така, кога првпат ќе запознаете некоја личност, нејзините зеници се шират. Доколку се прошират, а потоа се стеснат, таа личност не е заинтересирана за вас. Ако зениците останат раширени, тоа значи дека им одговара вашето друштво.

Обрнете внимание на тонот на гласот, не зборовите

Тонот на гласот може да открие многу за некоја личност. Брзината на гласот е многу важна. Бавното говорење покажува смиреност, додека брзото говорење покажува нервоза. Зборовите не се толку важни колку што е важна енергијата зад нив. Понекогаш треба да обрнеме внимание на нагласените зборови.

Сé зависи од вас. Ако нервозно и пристапите на ситуацијата, луѓето тоа ќе го забележат и ќе ја рефлектираат истата тензијата врз вас. Сите имаме способност да разбереме како некој се чувствува. Самосвеста е клучна кога се обидувате да станете свесни за луѓето околу вас. Колку сте поотворени за другите, толку ќе ви биде полесно да ги прочитате нивните мисли.

Прегледи:
651
Објавено на:
24.12.2018