Категории

Научи да се чувствуваш убаво во тишината – тоа е простор каде што си најблиску до себе!

Тишината е место каде што си најблиску до себе, почни да слушаш и ќе откриеш неверојатни нешта..

Само тогаш ќе сфатиш колку всушност тишината е твој пријател а не непријател како што си мислел. Во неа можеш да ги излечиш старите рани, да откриеш што е она што не ти дава мир и те спречува на патото да чекориш слободно во животот. Во тишината ќе сфатиш што поседуваш во себеси, колку е всушност богато твоето срце и кои се твоите недостатоци.

Само во тишината можеш да го пронајдеш одговорот на сите твои прашања, да ги пронајдеш сите одговори по кои си трагал долго, само преку неа ќе успееш да го разбереш светот и да се видиш себеси со вистински очи.

Научи да се чувствуваш добро во тишината, таа не е твој непријател, во неа се крие вистината која ти е потребна за да живееш онака како што си создаден да живееш. Само во неа можеш да бидеш личноста која отсекогаш си сакал да бидеш.

Во неа се крие единствениот излез, единствената врата кон подобриот свет. Таа ќе ти ги отвори очите и ќе ти покаже места за кои не си бил свесен дека постојат, звуци и гласови кои биле замолчени во твојата душа а имале толку многу нешта да кажат.

Биди во мир со тишината, во неа се крие вистинскиот ти!

Прегледи:
560
Објавено на:
14.04.2020