Категории

Научниците пронајдоа „лек“ против стареење

Научниците од Израел успеаја да го вратат биолошкиот часовник назад и да го поништат процесот на стареење со помош на едноставен метод.

Запирањето на процесот на стареење и да се биде вечно млад е дефинитивно светиот грал на модерното општество. И се чини дека научниците од Израел успеаја да го свртат биолошкиот часовник. Една неодамнешна студија предводена од професорот Шаи Ефрати од Универзитетот во Тел Авив, заедно со тим од Медицинскиот центар Шамир, покажа дека здрави возрасни лица над 64 години се сместени во хипербарична комора, каде што им се дава чист кислород 90 минути дневно, пет дена во неделата, за три месеци. Се испостави дека нивниот процес на стареење не само што бил одложен – туку и обратно.

Оваа студија беше објавена во реномираното списание „Стареење“ и се фокусираше на тоа дали оваа терапија може да сврти два клучни показатели за биолошкото стареење: скратување на теломерната ДНК и акумулација на стареечките клетки. И како што тврдат – може да ги сврти. По терапијата, теломерите се продолжуваат во просек за 20 проценти, а стареечките клетки се намалуваат за 10-12 проценти.

Инаку, теломерот е крај на хромозомот. Тоа е кратка повторена низа на нуклеотиди што го штити хромозомот од деградација. Составен е од повторливи секвенци на некодирана ДНК и служи како тампон за заштита на хромозомите од оштетување за време на репликацијата.
Секој пат кога се случува репликација, овие браници се засегнати, што ги прави пократки и пократки. Штом теломерите достигнат одредена должина, клетката повеќе не може да се реплицира, што доведува до нејзино стареење. Стареењето на клетката и нејзиното неправилно функционирање на крајот предизвикуваат когнитивни или други нарушувања поврзани со возраста, па дури и болести, како што е ракот.

Прегледи:
534
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
13.08.2021