Категории

Научно е докажано дека во оваа боја изгледате поубаво

Сакате да си ја подобрите самодовербата? Облечете нешто црвено. 

Неодамнешно истражување во  European Journal за социјална психологија открива дека луѓето изгледаат попривлечни кога ја носат огнената боја.

Истражувачи од Германија го набљудувале однесувањето на 180 студенти додека носеле сини или црвени блузи. Биле ставени во мали простории со огледала за да го набљудуваат сопствениот изглед. Бил направен и експеримент со фотографирање, наместо да се гледаат во огледало.

Тие што носеле црвена боја се оцениле со повисоки оценки во однос на привлечноста, за разлика од другите.

via GIPHY

„Црвениот ефект“ како што го крстиле истражувачите не секогаш дејствува, некои посрамежливи учесници биле повоздржани.

 Истражувачите велат дека мора да се истражат различни карактери, за да се види какво влијание има бојата на сите. Исто така да се истражи дали има исто влијание доколку се носи секојдневно.

Истражувачите велат дека можеби и не е до самата боја, туку до фактот што е впечатлива, па испитаниците „се забележуваат“ повеќе кога ја носат оваа огнена боја.

Во 2010 било спроведено слично истражување кое пак вели дека жените ги гледаат мажите како попривлечни кога носат црвено, а друго истражување вели дека црвената боја се врзува со моќ и сила.

Прегледи:
399
Објавено на:
06.07.2017