Категории

Науката открива: Кои се 6-те физички карактеристики кај жените кои се неодоливи за мажите?

Сите претпоставуваме дека кога мажите фрлаат поглед на некоја жена веднаш помислуваат на секс. Но, сега науката може да објасни зошто тие постојано ги одмеруваат жените. Изгледа дека постои точна формула за тоа.

Секогаш кога мажот ќе погледне некоја жена, тој изведува репродуктивно оценување на целата нејзина форма. Мажите се програмирани да ги бараат клучните карактеристики кај понежниот пол. Овие особености ги прават жените привлечни бидејќи се поврзуваат со доброто здравје и плодноста. Кога мажите ќе ги забележат тие карактеристики, потсвесно го помислуваат следново: „Таа би можела да ми роди деца!“. Тоа прави потсвесно, или многу свесно, да бидат заведени.

Науката докажала дека следниве 6 карактеристики кај жените се најпривлечни за мажите…

1. Пошироки колкови во однос на половината

Односот 7:10 е најидеален според истражувањата. Половината и колковите се поврзани со раѓањето деца и тие ги наведуваат мажите да помислат дека жената е плодна. Ова е прилично очигледно и воопшто не изненадува фактот дека мажите обожаваат тенки половини и големи задници.

2. Висок глас

Според истражувањата, високиот тон на гласот потсетува на младост и означува ситно, женствено тело. И двете карактеристики се неверојатно привлечни за мажите.

3. Здрава коса

Сјајната, бујна и долга коса е многу привлечна. Повторно, таа е знак на здравје и плодност. И за среќа, лесно е да се изведе благодарение на редовните фенирања и посети на фризерскиот салон.

2-naukata-otkriva-koi-se-6-te-fizichki-karakteristiki-kaj-zhenite-koi-se-neodolivi-za-mazhite-

4. Насмевка

Очигледно е дека среќните луѓе се привлечни. Но, науката исто така докажува дека колку што се побели забите, толку подобро.

5. Помалку шминка

Можеби мислите дека контурирањето, слоевите сенка за очи и јаките кармини ќе ве направат поубави, но се чини дека природниот изглед им е попривлечен на мажите. Мажите претпочитаат жени кои употребуваат 40% помалку козметика. Но, не би требало науката да ви кажува дека природни сте најубави, тоа би требало и самите да го знаете.

6. Црвена облека

Постои причина зошто црвената боја се поврзува со страста и желбата. Научниците докажале дека црвената облека ја зголемува привлечноста. Всушност, тие откриле дека овој феномен важи и за животинскиот свет. Соберете храброст и облечете го црвениот фустан кога ќе излегувате во сабота навечер.

Прегледи:
346
Објавено на:
20.06.2016