Категории

Навики на харизматичните луѓе

Многу луѓе сметаат дека харизмата е нешто со што се раѓаме, но не  е така. Таа се гради низ годините со позитивниот став, насмевката и односот кој го имаме кон другите луѓе.

Харизмата не може секогаш да се дефинира, но одредени луѓе ја имаат. Тие градат одлични односи со другите луѓе, позитивно влијаат на околината. Тие се луѓе кои секој би ги посакал во своја близина.

Ова се нивните навики:

Тие слушаат повеќе отколку што зборуваат.

Луѓето со харизма поставуваат прашања, се насмевнуваат, климаат со главата. Едноставно реагираат на луѓето околу нив –  вербално и невербално.

Тоа е она што е доволно за да им покажете на другите луѓе дека се важни. Не давајте совети доколку не бидат побарани од вас. Слушањето значи многу повеќе отколку нудерњето совет, бидејќи кога го правите тоа испаѓа како центар на разговорот да сте вие, а не тие.

Не слушаат селективно.

Веројатно сите познавате луѓе кои не сакаат да слушаат за луѓето за кои сметаат дека се „под нив“. Обидете се да ги забележите. Тие луѓе можат да им зборуваат со часови, но тие не би слушнале ни збор. Но, штом би се појавила личност за која имаат високо мислење, приказната би била сосема поинаква.

Забораваат на другите нешта.

Не го проверуваат телефонот додека разговараат со вас, не гледаат во мониторот и не се фокусираат на ништо друго во тој момент. Треба да имате на ум дека никогаш не можете да се поврзете со ниту една личност доколку имате на ум, нешто друго. Обидете се да им посветите внимание на луѓето. Со самото тоа, ќе оставите позитивен впечаток кај нив и тие ќе ве запаметат.

Даваат пред да земат.

Луѓето со харизма не размислуваат за тоа што можат да го добијат од вас. Се фокусираат на тоа што можат да ви го обезбедат. За нив давањето е единствениот начин за градење позитивни меѓучовеќки односи.

Не се однесуваат како да се најважни.

Тие  се едноставни луѓе кои ги ценат останатите и не сметаат дека се центар на светот. Тие не се импресионирани од надменоста и односот на другите луѓе.Едноставно, го живеат секој момент, без да мислат за впечатокот кој го оставаат.

Ги избираат своите зборови.

Зборовите кои ги користиме имаат влијание на другите луѓе. Секој од нас сака да се дружи со елоквентни луѓе кои се среќни, ентузијастички настроени и исполнети. Со своите добро одбрани зборови, тие не само што влијаат позитивно на другите луѓе, туку и на себеси.

Прегледи:
351
Ознаки:
·
Објавено на:
01.04.2016