Категории

Навикни се да живееш без оние кои си заминале од тебе

Постојат нешта кои не можеш да ги решиш поинаку од тоа да се навикнеш на нив. Колку побрзо – толку подобро.

Навикни се да живееш без оние кои си заминале од тебе, не гаи надеж дека случајно заминале и ќе се вратат повторно. Тоа што го направиле го подготвувале во себе веќе долго време. Навикни се на тоа дека луѓето кога ги повредуваат другите луѓе секогаш имаат резервен план, резервна опција и резервна личност.

Навикни се на подметнатите нозе и удари и не ги земај премногу при срце. Тешко е да прифатиш дека некому не му е грижа колку тебе те боли и престани да создаваш додатна драма. Навикни се дека сето она кое со години си го создавал и она во кое си влевал тони енергија може да исчезне преку ноќ. Биди спремен да почнеш повторно од почеток и тогаш кога си останал без никој и ништо. Биди спремен да го примиш она што не си го заслужил но и понатаму да веруваш дека на крајот се ќе биде како што треба.

Навикни се да живееш без оние за кои си мислел дека ќе бидат секогаш тука за тебе. Времето не ги олеснува раните, другите луѓе не можат да ги заменат оние кои ти прираснале за срце. Кога ќе му се приближиш на некого секогаш постои некој ризик. Навикни се својата доверба да не ја му ја даваш на секого затоа што ќе дојде миг кога ќе почнеш да жалиш што си бил отворен и великодушен.

Навикни се да живееш без оние кои си заминале од тебе. Никого не можеш да го задржиш. Луѓето немаат корени, туку само крила и можат да заминат кога ќе видат дека не добиваат онолку колку што очекувале и кога ќе сфатат дека односот не е онаков каков што го замислувале. Како и да било, навикни се на самотијата, научи да уживаш во неа затоа што ќе дојде време кога тоа ќе биде твојата сосема природна состојба и кога ќе мораш да размислиш како и со што да ја исполниш. Навикни се на таквите нешта многу побрзо!

Прегледи:
539
Објавено на:
04.01.2020