Категории

Навистина не е до вас – Причини зошто мажите бегаат од жените кои вистински ги сакаат

Колку жената е духовно подлабока и емотивно постабилна, толку потешко пронаоѓа партнер.

Иако им пружи прилики на онои кои и приоѓаат, врските често не успеваат затоа што мажите не можат да го поднесат нејзиниот интензитет. Едноставно, не сите мажи се доволно силни да поднесат длабока жена, еве зошто.

Таа е искрена – на поставените прашања одговара со искрени одговори и истото го очекува и од партнерот. Таа знае што сака, не и потребни тестови за да сфати каков маж сака, кога ќе го сретне едноставно знае дека тоа е тој.
Таа тежнее кон длабока врска, со својот партнер сака да води длабоки разговори за нејзиното минато, стравови и радости и да го исполни животот. Од врската очекува многу повеќе од тоа да биде сведена само на забава.

Не се плаши од интимност, не се крие за да не биде повредена нити мисли дека партнерот ќе и ја одземе слободата и ќе ја направи ранлива. Таа гледа и знае, многу брзо сфаќа каков е мажот и што го прави ранлив. Дури и ако мажот се чувствува непријатно, таа не крие дека го знае тоа и сака тој да се прикаже во вистинско светло. Таа не сака лажно претставување.

Таа е интензивна, свесна е дека некогаш умее да биде малку нападна затоа што нејзините мисли и емоции се интензивни. Спрема ништо во животот не е индиферентна, и не секој е способен да го поднесе тој нејзин интензитет.

Таа сака длабоко, ако мажот не ја сака длабоко и неа, таа заминува. Не е способна за површна врска, или е во врска или таа личност ја смета за пријател, за неа не постои трета опција кога се во прашање љубовните односи. Таа знае кога некој и се предава напола и заминува од таквиот однос.
Таа не чека вечно, ако мажот е неодлучен и се премислува, таа нема да го чека. Таа е премногу страствена и силна за да го троши своето време и чувства на некој кој не ја сака доволно. Ако не може да оствари посебна врста на љубов, избира самотија.

Прегледи:
591
Објавено на:
07.01.2020