Категории

Не чекај да биде предоцна – Замини уште при првиот знак на непочит

Се надевам дека следниот пат кога ќе ја дознаете вистината нема да чекате да пронајдете нешто добро во сето тоа. Луѓето се токму онакви какви што се, не барајте добрина во се што е лошо, тоа ќе ве кошта скапо.

е надевам дека следниот пат нема да ги игнорирате сите црвени знамиња. Се надевам дека нема да бидете толку обземени од ефоријата што ќе дозволите да гази по вашето срце и гордост. Се надевам дека нема да го дозволите тоа и ќе се изберете себеси пред се останато.

Се надевам дека нема да правите планови за вашата иднина уште пред да ги запознаете вистински, пред да го видите нивното срце и душа и сфатите дека сте граделе илузии, се надевам дека нема да се разочарате затоа што овој пат ќе изберете да верувате само во она кое што го гледате пред себе.

Би ви рекла никогаш да не пуштите покрај себе некој кој уште веднаш доаѓа со толку многу потенцијал да ве повреди, но оние со најголем потенцијал да ве повредат, исто така, се оние со најголем потенцијал да бидат вистинската личност. Значи, не можете да избегнете повредување, никој не успеал, само треба да научите како да се справите со тоа.