Категории

Не чекај идеален момент – Секој нов ден е идеален и единствен

Не чекам идеална прилика, го чекам секој нов ден затоа што тоа е единственото кое го добиваме и единствената прилика која ни е дадена да ја искористиме најдобро што можеме.

Чекаме некоја нова насмевка за која веруваме дека може да ни даде сила да ги издржиме сите тешкотии кои не опкружуваат и низ кои поминуваме. Чекаме рака која некој ќе ни ја пружи кога ќе се најдеме на дното, рака за која секогаш ќе можеме да се фаќаме, прегратка на која секогаш ќе можеме да сметаме, бакнеж кој секогаш ќе ни ја стоплува душата.

Не чекајте идеален миг, некогаш во иднина, идеална шанса за нешто да биде остварено, оправдувајќи се дека за неа сеуште не дошло вистинското вреем. Чекање на луѓе со кои ќе можете да бидете она кое вистински сте без да се преправате, без да ставате лажна маска на лицето, без да ги избирате зборовите внимателно. Чекање на тој идеален ден кога ќе ги заборавите сите навреди и страдања кои сте ги добиле и ќе почнете да гледате пред себе и да живеете онака како што посакувате.

Но тој ден е илузија, тој идеален миг не постои. Се што имаме е сега, овој ден кој е полн со можности да ги оствариме сите тие замисли. Ден кој е идеален за да се започне се од почеток, да бидеме вистинските ние без криење и лажни маски. Утре никому не е ветено, искористете ја оваа шанса, единствена шанса која ви е дадена денес да живеете поинаков живот, подобар живот, живот за каков сонувате, остварете го денес.

Прегледи:
442
Објавено на:
11.04.2020