Категории

Не чекајте во животот некој неважен да ја открие вашата вистинска вредност

Мудра приказна за вистинската вредност на човекот која морате да ја запомните..

Еднаш еден млад човек му се обратил на мудрецот за помош:

„Ти доаѓам учителу, затоа што се чувствувам толку безвреден што немам волја за ништо. Ми велат дека не вредам ништо, дека ништо не правам добро, дека сум неспретен и глупав. Како можам да се поправам? Што можам да направам за да ме ценат повеќе?“

Учителот без да го погледне му рекол:

„Баш ми е жал момче. Не можам да ти помогнам затоа што прво морам да го решам својот проблем. Можеби подоцна…“ Малку застанал и додал: „Кога ти мене би ми помогнал, би го решил тоа побрзо и можеби тогаш би можел да ти помогнам тебе.“

„Со многу.. Со многу драга волја, учителу.“ – тешко изустило момчето чувствувајќи се повторно обезвреднат и неговите потреби запоставени.

„Добро“, продолжил учителот. Го извадил прстенот кој го носел на малиот прст на левата рака и му го пружил на момчето, и му рекол: „Земи го коњот кој е надвор и одјавај на пазарот. Треба да го продадам овој прстен затоа што морам да го вратам долгот. За него мораш да ја добиеш најдобрата цена и не прифаќај помалку од еден златник. Оди и врати се што побрзо со тие пари.“

Младиот човек го зел прстенот и заминал. Штом пристигнал на пазарот, застанал почнал да му го нуди прстенот на трговците, кои го гледале со љубопитност кога им кажал колку бара за него.
Кога момчето спомнало златник, некои почнале да се смеат, други ја вртеле главата и само еден старец бил доволно љубезен да му објасни дека еден златник е премногу вреден за го добие во замена за прстен. Некој што сакал да помогне му понудил сребреник и бакарен сад, но момчето добило упатство да не прифаќа ништо помалку од златник па ја одбивал секоја понуда.

Откако му го понудил прстенот на секој што го сретнал на пазарот, а биле повеќе од стотина, разочаран од својот неуспех се качил на коњот и се вратил. Колку само посакувал да земе златник за да може да му го даде на учителот и да ги реши неговите грижи за најпосле да го добие неговиот совет и помош. Влегол во собата.

„Учителу“, рекол. „Жал ми е. Не можам да го добијам тоа што го бараш. Можеби можев да добијам два или три сребреници, но се сомневам дека некого можам да го излажам за вистинската вредност на прстенот.“

„Тоа што го рече е многу важно, млад приајтелу“, одговорил учителот. „Најпрво мораме да ја дознаеме вистинската вредност на прстенот. Повторно јавни го коњот и одикај златарот. Кој би можел да го знае тоа подобро од него? Кажи му дека сакаш да го продадеш прстенот и прашај го колку може да ти даде за него. Но и колку да ти нуди, немој да му го продаваш, врати се назад со прстенот.“

Младото момче повторно го јавнало коњот и отишло кај златарот како што му кажал учителот. Златарот го погледнал прстенот со помош на светлото од маслената ламба, го погледнал под лупа, го вагал и му рекол на момчето:

„Кажи му на учителот, момче, дека ако сака веднаш да го продаде, за прстенот не можам да му дадам повеќе од педесет и осум златници.“

„Педесет и осум златници?“ , извикало момчето.

„Да.“ одговорил златарот. „Знам дека со време за него би можеле да добиете шеесеттина златници, но ако го продава толку итно..“

Момчето возбудено одлетало до куќата на учителот и му раскажало што се случило.

„Седни“, му рекол учителот откако го сослушал. „Ти си каков овој прстен: вистински бисер, вреден и единствен. И како таков би можел да те процени само вистинскиот стручњак. Зошто одиш низ животот посакувајќи некој небитен да ја открие твојата вистинска вредност?“

Кажувајќи го тоа, тој повторно го стави прстенот на малиот прст од левата рака..

Прегледи:
551
Објавено на:
24.02.2020