Категории

Не дојдов на овој свет за да бидам поразен

Имам план да издржам се додека не успеам.

„Не дојдов на овој свет за да бидам поразен, нити неуспехот струи во моите вени. Не сум овца, која чека еден ден нејзиниот пастир да ја охрабри. Јас сум лав кој одбива да зборува, да чекори и да спие со овците.

Нема да ги слушам оние кои се жалат, затоа што нивната болест е заразна. Таквите нека им се придружат на овците. Кланицата на неуспехот не е моја судбина.
Имам намера да издржам се додека не успеам.

Животните награди стигнуваат на крајот на секој пат, а не на почетокот; и не ми е дадено знаење колку чекори ме очекуваат додека да стигнам до мојата цел.
Неуспехот може да чека и на илјадитиот чекор, а сепак успехот на се крие на следното свртување на патот.

Никогаш нема да дознаам колку сум блиску или далеку од него, ако не ја заобиколам олујата. Секогаш ќе го правам следниот чекор. И колку да не ми донесе ништо, ќе го направам следниот, па и оној после него.
Да се оди чекор по чекор и не е толку тешко. Имам план да издржам се додека не успеам.“

-Ог Мандино

Прегледи:
549
Објавено на:
23.02.2020