Категории

Не дозволувајте да ви украдат ниту еден час од вашиот живот

Една жена постојано се жалела. Мажот не и честитал роденден, ја навредувал како и обично, ја понижувал. Не и купил ни некоја ситница. Возрасните деца и пишале порака и тоа е сѐ. И еве таа седи дома и плаче. Наполнила педесет години. Таа дефинитивно не сака да приговара. Но, за жал така е.

Се пожалила на својата интернет другарка која не ја познавала многу. Таа ја запрашала: „Каде живеете? Ако сакате ќе дојдам по вас, ако сте во близина. По пат ќе купам и вкусни хамбургери или пица со шунка. Ќе купиме и газиран пијалак. И крцкав компир. Откако ќе изедеме сѐ, ќе одиме и во кино. Ако сте далеку или не сакате да ве посетам, порачајте го сето ова сама. И потоа одете во кино. Нашминкајте се, убаво облечете се, радувајте се! Уживајте во животот! Секој ден е подарок, секој ден од животот е празник. Јас тоа добро го знам.“

А госпоѓата која се жалела ја запрашала: „Вие сте психолог, зар не?“

А другата дама и одговорила: „Не. Јас сум медицинска сестра на одделението за интензивна нега.“

Да, ова е правилна стручна препорака. Не дозволувајте да ви украдат ниту еден ден од животот. Ни еден час од вашиот живот. Купете си нешто убаво, посетете убаво место, дружете се и облечете го најубавиот фустан. Ова е совет на специјалистите кои секојдневно гледаат колку е краток животот, колку е драгоцен.

Прегледи:
502
Објавено на:
20.09.2021