Категории

Не дозволувајте туѓата злоба да фрла сенка врз вашата светлина

Немојте да бидете жртви на туѓата слабост и нивната немоќ да се соочат со мракот во себе па фрлаат сенка на сите оние кои им пркосат на нивната светлина.

Немојте да дозволите во вашето срце да тлее туѓото зло од оние кои живеат кога некого ќе навредат или понижат. Немојте да дозволувате да расти и да почне да ве нагризува и вас. Немојте да бидете жртви на туѓата слабост и нивната немоќ да се соочат со мракот во себе па фрлаат сенка на сите оние кои им пркосат на нивната светлина.

Нема да живеете мирно доколку им дозволите на ѕверовите да влезат во вашата куќа, не очекувајте дека мирно ќе живеете. Спротивставете им се и ставете крај на нивната злоба еднаш засекогаш. Не бидете жртва и немојте да ги обвинувате другите за тоа што вашиот живот е лош доколку им дозволувате на злобните  луѓе да имаат пристап до него.

Застанете и исправете се за себеси, никој нема право да ја обвива вашата душа во мрак и да го загорчува вашето секојдневие. „Не можам“ не е изговор. „Не можам“ никогаш не е опција. Имате избор и направете го сега, изберете да бидете слободни, и изберете живот без туѓата негативност.

Прегледи:
638
Објавено на:
08.06.2020