Не можете да управувате со злобните луѓе, но можете да управувате со злото кое го пренесуваат така што нема да им дозволите пристап до вас.
Искоренете ја таа болест уште пред да ги пушти своите корени. Немојте да мислите дека тоа семе ќе исчезне самото од себе. Вие му помагате да расте колку повеќе размислувате за тоа и посакувате да му нанесете исто такво зло. Не дозволувајте вашето срце да се извалка во тоа зло кое другите ви го нанеле. Не дозволувајте да биде црно и нечисто како нивното. Вие одлучувате. Оттргнете се од луѓето кои се премногу слаби за да побараат простување и живејте го својот живот далеку од нив. Сега барем знаете кои се тие, знаете како да ги препознаете.
Не можете да го пуштите дивата ѕверка во вашиот дом и да продолжите да живеете мирно, не можете да му се вратите на своите убави секојдневни навики затоа што во секој миг ќе мислите само на неа, ќе гледате каде се наоѓа и ќе се прашувате што следнот може да ви направи.
Не можете да управувате со злобните луѓе, но можете да управувате со злото кое го пренесуваат така што нема да им дозволите пристап до вас.