Категории

Не е проблем кога ДРУГИТЕ ќе ви застанат на патот, проблем е кога ќе си застанете САМИТЕ себеси

Проблем е кога ќе си застанете самите себеси на патот и не си дозволувате да продолжите напред

Не си дозволувате себеси да одите напред кога се потценување и се понижувате себеси, кога за себе мислите само негативно. Не си дозволувате да одите напред кога ќе почнете да размислувате единствено на повредите кои ви ги нанеле другите луѓе, и не можете да гледате ништо подалеку од тоа. Кога мислите дека другите постојано ви должат нешто и дека смао тие мораат да го подобрат, променат и поправат вашиот живот.

Не е проблем кога другите ќе ви застанат на патот, проблемот започнува тогаш кога вие ќе си застанете самите на себеси. Кога зборувате дека не сте спремни да одите понатаму, или кога ќе кажете дека сте уморни и сакате да се откажете наместо да застанете и да се одморите. Проблемот почнува кога ќе ги прегазите сопствените чувства и им дозволувате на другите да си играат со нив иако веќе многупати ве повредиле.

Проблемот започнува кога стравот станува доминантен фактор при донесувањето одлуки, кога не знаете каде одите па секој чекор е на погрешно место, кога некои луѓе ги пуштите премногу блиску до себе а тие притоа губат поим за вашата вредност и почнуваат да се однесуваат со вас онака како што не сте заслужиле, а вие не се буните затоа што мислите дека некакво друштво е подобро од никакво.

Кога ќе го продадете својот карактер за пари, кога од перспективата на егото донесувате одлуки, кога се тешите со лаги иако знаете дека не се вистина, и кога сметате дека е подобро да се биде на безбедно отколку да испловите на отворено море и конечно да почнете да го живеете животот. Затоа кога ќе престанете да си стоите самите на својот пат, ќе видите дека целиот проблем не бил во другите и ќе почувствувате неопишлива леснотија и колку полесен станува вашиот пат према напред.

Прегледи:
518
Објавено на:
02.02.2020