„Не ме интесира каде живеш и колку пари имаш. Сакам да знам дали си способен да станеш, после ноќите исполнети со тага и очај, уморен и до коски претепан, и да направиш се што е потребно за да ги нахраниш своите деца.“
„Не ме интересира од што живееш. Сакам да знам за што копнееш и дали имаш храброст за исполнување на желбите на твоето срце.
Не ме интересира колку години имаш. Сакам да знам дали си подготвен да ризикуваш да испаднеш будала поради љубов, поради своите соништа, поради авантура наречена живот.
Не ме интересира кои планети влијаат на твојата месечина. Сакам да знам дали си стигнал до средината на сопствената болка, дали животните разочарувања те отворили или си станал суров и си се затворил од страв дека повторно ќе почувствуваш болка.
Сакам да знам дали си во состојба да поднесеш болка, моја или своја, а притоа да не мораш да ја сокриваш, ублажуваш или бришеш.
Сакам да знам дали знаеш да се радуваш, поради мене или себе, и дали можеш да танцуваш диво и да и дозволиш на екстазата да преплави се, а притоа да не не предупредуваш да бидеме внимателни, реални и свесни за човековите ограничувања.
Не ме интересира дали приказната која ја зборуваш е вистинита. Сакам да знам дали си подготвен да го разочараш другиот за да бидеш искрен спрема себеси; дали си подготвен да ги понесеш осудувањата за предавство, а притоа да не се изневериш себеси; можеш ли да бидеш предавник и со тоа да бидеш вреден за доверба.
Сакам да знам дали си во состојба да ја видиш убавината, па и ако не е убава, секој ден, и можеш ли својот живот да го инспирираш од нејзиното присуство.
Сакам да знам дали си доволно силен за да живееш со неуспехот, својот и мојот, и сеедно повторно да стоиш на работ на езерото и восхитено да викаш према сребрената полна месечина: „Тоа!“
Не ме интесира каде живеш и колку пари имаш. Сакам да знам дали си способен да станеш, после ноќите исполнети со тага и очај, уморен и до коски претепан, и да направиш се што е потребно за да ги нахраниш своите деца.
Не ме интересира кого познаваш и како си стигнал до тука. Сакам да знам дали и понатаму ќе можеш да стоиш со мене во жарот на огнот и да не се затресеш.
Не ме интересира каде си или што си или со кој си студирал. Сакам да знам што е она што те турка напред во миговите кога се останато се руши. Сакам да знам дали можеш да бидеш сам со себе и да ја сакаш во суштина личноста која што си во миговите на празнина.“
-Oriah Mountain Dreamer