Категории

Не го пренатрупувајте животот со секакви луѓе

Со луѓето не можеме да се однесуваме како со предмети

Сакаме да постигнеме некои нешта набрзина, ја употребуваме сета своја способност, правиме неколку потези помалку и повеќе вешти, и успеваме. Понекогаш сакаме да ни се такви и односте, ќе купиме подарок, ќе подариме насмевка, неколку убави зборови, еден бакнеж и мислиме дека сме создаде однос. Но со луѓето не е како со предметите. Тука важи обратната логика, во односите ќе успееме само ако бидеме посветени, умерени, доследни.

Квалитетните односи бараат време, бараат од нас да бидеме целосни личности а не само да направиме неколку нешта набрзина. Да се стекне нечија доверба значи да се докажеме во искушение, да се види какви сме во оние лоши денови, кога другите немаат ништо. Но проблемот кај човекот е брзината и квантитетот. Сака да има многу луѓе околу себе, било да ги нарекува пријатели или не, за случај некој од нив да отпадне без причина.

Но вашето време за живот е ограничено, немојте да го претрупувате вашиот живот со различни луѓе за да ви се најдат во тешки ситуации. Ако вашите врски се површни а луѓето кои дошле – дошле поради некој интерес кој сте го понудиле, сигурно ќе заминат кога ќе ви требаат.

Барајте ја блискоста на луѓето кои имаат душа, топлите луѓе покрај кои ќе се чувствувате добро и без да морате да им зборувате и објаснувате нешто. Кој сака да ве разбере – ќе ве разбере и без докази. Кој сака да ве прифати – ќе ве прифати и бе да танцувате како што тој ви свири. Но во тие односи треба да вложувате, треба прво вие да ја дадете вашата душа за да почувствувате близина на туѓата. Само таквите односи опстануваат и едните и другите.

Прегледи:
497
Објавено на:
11.01.2020