Категории

Не губи време за реагирање на туѓите критики!

Совети од светскиот бестселер „Мал прирачник за животот“

Џексон Браун е авторот на познатата книга „Мал прирачник за животот“ која во Америка е доста ценета и почитувана. Тоа е книга која на почетокот требала да биде прирачник за неговиот син, но подоцна стана светски хит и е преведена на 35 јазици.
Три години со ред таа беше на првото место на бестселери во Њујорк Тајмс.

Во продолжение ви донесуваме неколку совети кои Џексон Браун му ги упатил на својот син

-Внимателно бирај ја својата сопруга, затоа што таа е одговорна за 90% од твојата среќа.

-Прифати ги своите деца онакви какви што се, а не онакви какви што ти ги сакаш.

-Немој на никого да му ја даваш неговата плата пред во целост да ја заврши својата работа.

-Не му верувај на своето памтење. Запишувај се на хартија.

-Сите луѓе сакаат пофалби, па не биди скржав со пофалбите.

-Ако некое нешто си го позајмил или изнајмил неколку пати, купи го.

-Не губи време во реагирање на туѓите критики.

-Кога ќе позајмиш автомобил од пријател, наполни го со гориво пред да му го вратиш.

-Не зборувај за својата материјална состојба со некој кој има многу повеќе од тебе или многу помалку од тебе.

-Запомни дека вистинската цена не е онаа која е напишана на робата, туку онаа која е соодветна за твојот буџет.

-Биди природен и избегнувај извештаченост и усиленост.

-Остави убава трага и добар впечаток што и да правиш.

-Држи се подалеку од пушењето.

-Немој да дозволиш телефонот да ги прекине најубавите мигови од твојот живот.

-Не им позајмувај пари освен на ние на кои им веруваш дека ќе ти ги вратат и ако не им ги побараш.

-Немој да го одложуваш сонот ако сакаш денот да ти биде успешен.

Прегледи:
539
Објавено на:
22.05.2020