Категории

Не ја барај твојата друга половина, таа не постои!

Не убедуваат дека сме половини, дека не сме целосни. А тоа е најголемата измама, затоа што вие и вашата душа сте едно, една целина.

Отсекогаш сте биле и секогаш ќе бидете комплетен круг и не постои дел кој како во легендата се „откинал“ од вас. Бог не не раздвоил на половина!

Но што всушност направил?

Само направил две дуалности од исто битие, како што светлината не би знаела дека е светлина ако не би постоела темнината во која ќе се огледа, така и жената не би знаела што е ако ја нема нејзината спротивност.

И некои велат дека таа „друга половина“ ќе ве направи цели и дека сите маки ќе престанат тогаш кога ќе ја пронајдете. Тоа е лудост!

А кога некој ќе дојде и ќе направи да се чувствувате сигурно и заштитено, комплетно тогаш што е тоа?
Тоа е всушност пронаоѓање на себеси. Сте заминале толку далеку од себе, сте се се оддалечиле, а со тоа чувство на познатост, привлечност и опиеност всушност, само се враќате на себеси. И се заљубувате во себе повторно.
Луѓето не се заљубуваат во другите луѓе поради тоа кои се тие, туку поради тоа како тие ги прават да се чувствуваат за себеси.

И кога тој ќе се појави, и кога нема да е тука, она што е длабоко во тебе секогаш е исто, останува исто и непроменето. Тоа е твојата суштина, пред и после него.

Она што го бараш од другиот мораш прво да си го пружиш на себеси – ти треба да се сакаш себеси, да се штитиш, да му дадеш сигурност на детето во тебе, слобода и храброст. Мораш да ја пуштиш љубовта во себе да дише.

Сите оние кои трагаат по својата втора половина, ја нема, и нема да ја има.
Кога еднаш ќе се сплотите со некого, еден дел од вас едноставно ги препознава оние делови кои му недостигаат. Кои ги потиснува и сака да ги ослободи.

Тоа не е втора половина, тоа е огледало на вашата душа.

Прегледи:
440
Објавено на:
03.06.2020