Категории

Не кажувајте му дека го сакате, покажете му!

Кога искажувате љубов не е доволно само да ги изговорите зборовите “те сакам“, туку треба да оживеете некои спомени или да направите нешто што знаете дека вашиот партнер го сака.

Во прилог ви нудиме неколку начини да му покажете дека го сакате…

# Испратете му порака “го видов ова и се сетив на тебе“…без разлика дали е тоа изгрејсонце, текст во некој магазин или шољата во која тој пие кафе, со ваква ситница тој ќе знае дека ви е важен во животот.

# Разгалете го со мали гестови…станете пред него и разбудете го со омиленото пециво и шоља кафе.

# Направете нешто што знаете дека го сака, иако вам не ви е по ќеиф…не сакате да готвите, но потрудете се да го зготвите неговото омилено јадење за да го израдувате.

# Флертувајте…само затоа што сте долго време заедно не значи дека искрата исчезнала. Редовното флертување е одличен потсетник дека ве привлекува.

# Редовно комуницирајте…јасно е дека имате обврски, но никој не е толку зафатен да не стигнете да си размените по некој убав збор во денот.

# Правете компромиси кога тоа е потребно…попуштете му во некои работи за да му покажете дека вашето срце му припаѓа нему.

# Бакнувајте се…со бакнежи никогаш не можете да претерате.

Прегледи:
426
Ознаки:
·
Категории:
Љубов и секс
Објавено на:
13.01.2016