Категории

Не користете балсам за усни со овие состојки

Предизвикува сушење на усните!

Иако балсамите за усни во принцип треба да бидат хидрантни и хранливи, некои го прават спротивното. Наместо да ги омекнаат сувите, испукани усни, тие само ги сушат уште повеќе. И за сето тоа „заблагодарете“ им се на сите состојки што ги содржат.

Иако сте во искушение за балсами во најквалитетно пакување во дрогериите, можеби е подобро да одвоите малку време и внимателно да го погледнете списокот на состојки.

 

А кои состојки треба да се избегнуваат колку што е можно повеќе?

 

  1. Хумектанти

Две состојки кои секогаш треба да се избегнуваат во балсамите за усни се хијалуронска киселина и глицерин, бидејќи ги влошуваат сувите усни. Овие две состојки ја исцрпуваат влагата од кожата, особено во суво опкружување, а потоа оваа вода испарува. Ако вашиот омилен балсам за усни ги содржи овие навлажнувачки состојки, тогаш проверете дали содржи и состојки како восок и масло. Ако не, тогаш пронајдете нов фаворит што е можно поскоро.

 

  1. Додаден парфем

Важно е да се избегнуваат производи за усни во кои се додадени мириси бидејќи можат да ја иритираат кожата. Многу е подобро да се избере балсам за усни што содржи ланолин или пчелин восок што може да ги излечи сувите усни.

 

  1. Ментол

Ментолот остава ладно чувство на усните, што го прави популарен избор за луѓе кои имаат болни, испукани усни. За жал, ќе боли уште повеќе. Ментолот може да предизвика иритација на кожата нарушувајќи ја кожната бариера, како и воспаление. На крајот, ова може дополнително да ги исуши усните.

 

  1. Салицилна киселина

Салицилната киселина е уште една контраинтуитивна состојка кај балсамите за усни. Прекумерната употреба на салицилна киселина може да предизвика иритација, па дури и повеќе сувост на усните.

Прегледи:
615
Објавено на:
10.12.2019