Но мораш да си простиш на себеси, затоа што ако не го направиш тоа, нема никогаш да заздравиш. Тоа можеби нема да го промени минатото, но секако ќе ја промени иднината и твојата врска со себеси.
Не мораш да му простиш на некој кој те повредил. Немораш да се преправаш дека болката не постои и дека не се присетуваш на сето она кое ти го сторил секој пат кога ќе го сретнеш. Не мораш да му простиш на некого кој точно знаел што прави и без нималку совест ги предизвикал тие страдања на твојата душа. Не мораш да му простиш на некого кој го отежнал твојот живот.
Не мораш да му простиш на некого кој ти ветил дека ќе те направи среќен но неговите дела го долажале спротивното. Не мораш да му простиш на оној кој ја земал твојата љубов и добрина здраво-за-готово, оној кој не го ценел твоето присуство, кој не ти дозволил да му веруваш безрезервно.
Не мораш да му простиш на оној кој те судел наместо да се обиде да те разбере. Не мораш да му простиш на оној кој ја сфатил твојата вредност само откако останал без тебе, само кога си го оставил и тогаш сфатил колку му недостигаш. Оној кој направил да се чувствуваш како да не вредиш воопшто, кој те направил да се посомневаш во себеси.
Но мораш да си простиш на себеси. Мораш да си простиш за погрешните избори, за наивното верување дека со тек на време нештата ќе станат подобри. Мораш да си простиш на себеси за тоа што си заборавил дека заслужуваш подобро и си требал да заминеш тогаш кога си почувствувал болка. Мораш да си простиш на себеси затоа што ако не го направиш тоа, нема никогаш да заздравиш. Тоа можеби нема да го промени минатото, но секако ќе ја промени иднината и твојата врска со себеси.