Категории

Не мораш да се вклопуваш секаде и да се прилагодуваш никому

Дозволи си на себеси да не се вклопуваш секаде, дозволи си да не се прилагодуваш никому.

Тоа е добар знак, знак дека си задржал нешто од оној стандард кој си го поставил и принципите според кои се водиш. Немој да те залажуваат оние кои ти велат дека мораш да бидеш како сите, не мораш и никој не го бара тоа од тебе. Ако се обидуваш да се вклопиш секаде ќе ги изгубил добрите прилики во животот и нема да одиш по она кое ти го налага срцето туку по она кое ти го зборуваат другите.

Дозволи си на себеси да не се вклопуваш секаде. Немој по секоја цена да си опседнат со желбата дека сите мораат да те сакаат затоа што тоа е најдобриот пат кон пропаста. Убавината на животот е кога си свој, кога имаш своја пат и остваруваш свои желби и имаш свој мал круг на луѓе кои те сакаат онаков каков што си.

Дозволи си на себеси твојот живот да не изгледа како животот на безброј други анонимци. Тоа е знак дека го цениш она кое го имаш и она кое што си. Дозволи се што другите луѓе ќе ти кажат, не можеш да го контролираш тоа па затоа не вреди да се замараш со истото. Кога ќе престанеш да се прилагодуваш ќе забележиш како си станал помалку ранлив.

Биди доволно силен да можеш да си поинаков, да не мораш поради тоа да бараш простување. Биди доволно силен да ги признаеш своите слабости и да признаеш „да тоа сум јас“ без сокривање позади некоја маска која многу брзо ќе биде заменета со друга кога ќе падне. Дозволи си на себеси да не се вклопуваш секаде, да мислиш поинаку, да се чувствуваш поинаку и да живееш поинаку. Ќе видиш колку е поубав и помирен животот кога ќе бидеш онаков каков што вистински си.

Прегледи:
540
Објавено на:
17.12.2020