Категории

Не може да се изгради среќа на туѓа штета – Оние кои се обидуваат да ве измамат на крајот самите пропаѓаат

Не дозволувајте да ја убиваат хуманоста во вас луѓе кои ја немаат. Не дозволувајте да ве фатат со желба за одмазда и да почнете да мислите дека мирот доаѓа само кога ќе вратите во еднаква мерка.

Не дозволувајте да го сторат тоа на начини на кои што ве повредуваат, кршат, обесхрабруваат или разочаруваат затоа што сте слободни онолку колку што е силно човештвото во вас. Не дозволувајте да ве фатат со желба за одмазда и да почнете да мислите дека мирот доаѓа само кога ќе вратите во еднаква мерка. Тогаш нема мир, тогаш доаѓа само немирно размислување, како да се пресметаат сметките и настапува смртоносна борба на која нема крај. И, животот конечно на секого му го враќа она што го дава. Не дозволувајте да ја убијат хуманоста во вас луѓе кои ви се обраќаат само кога имаат некаков интерес од вас. Вие имате способност да се издигнете над таквите и да бидете свесни дека вашата добрина не мора да биде извор на вашата слабост, туку извор на вашата сила. Не дозволувајте да ја убијат хуманоста во вас луѓето кои се сметаат себеси за поголеми, така што ќе започнете да се искачувате на секој начин за да бидете повисоки од нив, нека се капат во своето его до моментот кога ќе почнат да се дават во него.

Не дозволувајте да ја убијат хуманоста во вас луѓето кои немаат своја цел и чија цел е да се мешаат во животот на другите луѓе и да ги полнат со негативност. Чувајте го вашиот весел дух и покрај паразитите што ве опкружуваат и создаваат граници, достоинствено и спокојно. Не дозволувајте да ја убијат човечноста во вас луѓето кои сеат страв бидејќи преку тој страв сметаат дека ќе им биде полесно да ги контролираат другите, зачувајте го вашиот мир затоа што само со тоа што го одржувате, ја одржувате својата хуманост. Оттргнете се од нив и пронајдете ја вашата животна оаза далеку од присуството на такви луѓе и уживајте во својата слобода и мир. Секој пат кога ќе влезете во рингот со такви луѓе, не очекувајте убаво продолжение на вашиот животен пат. Мирот што доаѓа од вашата душа нека ги надмине сите тие надуени ега! Чувајте го човечкото во вас, цената на мирот и среќата се наоѓа само во него и никаде на друго место.

Прегледи:
536
Објавено на:
14.01.2021