Категории

Не можеш да им се допаднеш на сите и тоа е всушност она кое те прави посебен

Можеби нема да бидеш сечија „шолја чај“, и не ни мораш да бидеш. Чајот не се извинува никому за тоа што не е кафе, едноставно ги задоволува оние кои го избираат.

Вистината е во тоа дека некои луѓе нема никогаш да те сакаат толку длабоко колку ти можеш да ги сакаш нив и тоа не претставува рефлексија на нешто кое го правиш погрешно.
Вистинската љубов никогаш нема да ја чувствуваш како нешто кое те истрошува затоа што ќе знаеш дека секогаш е взаемна. Ќе знаеш дека секој пат кога ја полеваш во нечија чаша, тој исто така ја исполнува и твојата.

Вистината е во тоа дека некои луѓе нема никогаш да те чујат и колку гласно да зборуваш, и тоа нема врска со тоа колку напор вложуваш и колку јасно го кажуваш, некои луѓе едноставно се глуви за нештата кои не им се допаѓаат и не сакаат да ги чујат.
Не можеме да ги убедиме другите во сопствената вистина, а и нема причина зошто би се обидувале.

Вистината е во тоа дека не можеш да ги натераш другите да чувствуваат со ист интензитет како ти, се што можеш да направиш е да разбереш со емпатија дека различностите постојат и да го прифатиш тоа. Не е твоја работа да ги пробиваш нечии високи ѕидови кој ги поставил како заштита.

И можеби нема да бидеш сечија „шолја чај“, и не ни мораш да бидеш. Чајот не се извинува никому за тоа што не е кафе, едноставно ги задоволува оние кои го избираат.

Прегледи:
572
Објавено на:
01.09.2020