Категории

Не можете да спасите некој кој не сака да биде спасен – Откажете се од идеата дека можете да ги промените луѓето

Не можеме да спасиме некој што не сака да биде спасен. Во одреден момент, мора да сфатиме дека луѓето се она што се, и ништо што ќе кажете или сторите, никогаш нема да го промени тоа. Гледајте, сакањето оштетена/скршена личност е како серија битки што ќе ве променат засекогаш, битки кои само малкумина се доволно силни за да ги издржат. Можеме да сакаме некого толку многу што не сакаме да прифатиме дека тој не додава вредност на нашите животи.

Но, верувајте ми кога ќе кажам дека сè додека не ја испуштите идејата дека можете да ја спасите оваа личност – дека можете да задржите некого крај себе кој не се задржува лесно, ќе пропуштите некој што ќе сака да биде покрај вас самоволно. Кој ќе се јавува без да биде прашан. Кој ќе се обврзува затоа што че сака, а не поради вина. Кој ќе ги прави сите ситници затоа што е таков како личност. Значи, ако пронајдете некој што не можете да го спасите, покажете му љубов, но испратете го на пат. Затоа што единствената личност што можете да ја зачувате сте само вие самите.

Прегледи:
414
Објавено на:
13.07.2021