Категории

Не наседнувајте на секоја битка во која сакаат да ве вовлечат

Тоа се ситни луѓе кои не можат да се погледнат во очи ниту себеси, а во никој случај да го согледаат светот од туѓа перспектива.

Ситните души влегуваат во секоја борба затоа што сакаат да докажат нешто на себеси и на другите. Но кому или што? Во секој и сешто гледаат непријатели затоа што не размислуваат како нив и не живеат како нив. Сакаат на сите да им го наметнат сопствениот начин на размислување и својот пат, сметаат дека сите оние кои не одат по нивниот пат, лутаат. Тоа се ситни луѓе кои не можат да се погледнат во очи нити себеси, а камоли да го согледаат светот од поголема или туѓа перспектива.

Не наседнувајте на секоја битка во која сакаат да ве вовлечат. Држете се настрана! Луѓето се поинакви, тоа што не се како вас, тоа не значи дека се злобни. Кога ќе погледнете околу себе во природата ќе видите различност, различност во растителниот и животинскиот свет, богатство на флората и фауната. Обидете се така да ги разбирате и луѓето. Тоа што другите мислат и чувствуваат поинаку од вас не мора да ве загрозива, не морате по секоја цена да го докажувате вашето мислење дека е единствено, меродавно и исправно.

Не морате во секој човек да гледате закана. Несигурните луѓе го прават тоа. Доколку верувате во себе и сте свесни за своите вредности, нема да имате потреба да се пресметувате со оние кои не се како вас. Тоа е силата на големите луѓе. Не се покажуваат големи во фразите кои ги зборуваат, положбата која се обидуваат да ја достигнат, се покажуваат големи во тоа кои се нивните приоритети, и тука ја даваат својата енергија и сила, а она што го сметаат за небитно, го занемаруват.

Немојте секојдневно да размислувате за тоа кој ви е непријател, кој не ве почитува, кој ве повредил. Единствено оттргнете се од тие луѓе и сфатете ги нивните облици на однесување како лекции кои никогаш не треба да ви се повторат. Пронајдете круг на луѓе во кој ќе се чувствувате убаво и сигурно, макар тоа да биде и круг од две личности. Не ви се потребни повеќе за душевен мир.
Од тие битки никој не излегува како победник, има само губитници, не наседнувајте на секоја битка во која се обидуваат да ве вовлечат!