Категории

Не плаши се од моите зборови, туку од мојата тишина – Таа е многу поопасна!

Не плаши се од солзите и кога сакам да се расправам со тебе, тоа значи дека се борам и сакам да опстанам со тебе, но еднаш кога ќе замолчам, значи дека веќе не постоиш.

Не грижи се кога викам на тебе или кога за нешто те обвинувам. Не грижи се кога на тебе го истурам својот бес и ти испраќам есеј зошто ти сум лута. Не грижи се кога ќе ти почукам на врата среде ноќ, затоа што сум повредена. Не грижи се кога ноќе плачам поради нешто што си ми рекол..

Тоа се вистински знаци на љубов, тоа се само докази колку всушност те сакам. Но почни да се грижиш тогаш кога моите пораки се само еден збор. Грижи се кога ќе престанам да се расправам со тебе, грижи се кога ќе престанам да чукам на твојата врата и грижи се кога ќе престанам да плачам, кога ќе престанам да зборувам и да реагирам на се.

Затоа што тоа значи дека повеќе не си вреден за расправија, не си вреден за лутината и твојот пламен кој некогаш го користеше за да ја распалиш мојата страст, сега изгасна.
Затоа што мојот молк е многу по опасен од моите зборови, мојата тишина може да уништи многу повеќе отколку што можат моите зборови.

Мојата тишина значи дека ти не си повеќе тој кој ги окупира моите мисли, затоа што не си вреден за тој труд. Гледаш, јас ги сакам зборовите и живеам за нив, можам да пишувам засекогаш, затоа што зборовите можат да се почувствуваат, тие доаѓаат од срцето, затоа што тие ја претставуваат мојата длабочина и затоа што се искрени.

Но ја мразам тишината, не ми е пријатно со зборовите кои остануваат некажани, не ми е пријатно да живеам со чувствата кои се оставени без надзор и занемарувањето на срцето.
Моите зборови се моја љубов, мојата тишина е знак за заминување, тоа е почеток на крајот.

Мојата тишина значи дека повеќе не ми е грижа, дека не ги заслужуваш моите зборови и мојата тишина значи дека сум се откажала од тебе.
Мојата тишина е одговор на твојата тишина, така се сретнувам со тебе.
Не плаши се од солзите и кога сакам да се расправам со тебе, тоа значи дека се борам и сакам да опстанам со тебе, но еднаш кога ќе замолчам, значи дека веќе не постоиш.

Прегледи:
718
Објавено на:
05.02.2020