Апсолутно секој ден е посебен и важен и тоа мораш да го сфатиш!
Немој да дозволиш нити еден ден да ти биде помалку вреден и да мислиш дека во него не постои можност и простор да се случи нешто важно, прекрасно и посебно. Нити еден ден немој да го потценуваш зборувајќи дека не е важен во твојот живот затоа што сите тие се делови од мозаикот кои создаваат една величенствена целина која конечно ќе ја разбереш многу подоцна во една друга временска перспектива.
Секој ден во твојот живот е најважен затоа што секој ден можеш да го почувствуваш она најдлабоко чувство кое ти го пружи љубовта или блискоста на некои драги личности која ти дава до знаење дека некому си му го направил животот подобар или дека макар си се приближил чекор поблиску до остварувањето на твоите соништа. Во секој ден треба да се бориш против своите најголеми непријатели било тоа да се твоите стравови, сомнежи, несигурност, недостаток на истрајност или било што друго што те спречува да живееш исполнет и квалитетен живот.
Секој ден е авантура за себе, приказна која ти можеш да ја раскажеш и да ја направиш незаборавна. Немој луѓето да те натераат да помислиш дека тие се главни актери во твојата приказна па своите размислувања мораш да ги кроиш спрема нив, да ги обликуваш своите ставови и да ги задржуваш своите чувства.
Пишувај ја приказната онака како што ти сакаш, за еден ден да не се покаеш за нити еден напишан збор.
Немој да мислиш на деновите кои поминале, нити да се надеваш на оние кои доаѓаат, живеј сега и извлечи го најдоброто од овој миг кој ти е пружен. Кога секој ден ќе почнеш да го гледаш како најважен, навистина ќе почнеш да уживаш во својот живот и ќе го живееш на вистински начин.