Категории

Не прави компромиси – Биди личност која го прави она што го сака

Каде се замислуваш себеси како среќна личност, што точно правиш во тој миг?

А притоа не мислиме на пиење коктели на тропска плажа додека шумот на гранките од палмите над главата полека ве успива.
Мислиме на иднината. Дали идниот ти ќе живееш секој ден правејќи го тоа што го сака, ќе му се радува на секое утро кое ќе му донесува комплетна исполнетост преку она што го опкружува?

Она што не придвижува е страста. Таа не тера да одиме понатаму, поради неа се чувствуваме потполни, успешни, горди, исполнети. Мотивирани сме вредно да работиме за да можеме да го правиме во животот она што го сакаме.

Но која е целта да се убиваме од работа за живот со кој не сме среќни?

Немој да ја избираш кариерата само поради заработката. Подбро биди платен поради она што сакаш без оглед на квотата. Среќата вреди повеќе од парите, и нема начин да ја достигнеш без љубов и среќа.
Парите даваат убаво чувство некое време, но со текот на времето тоа избледува. Животот е премногу краток за да ја жртвуваш сопствената среќа. Ако си искрено страствен, ќе бидеш и успешен. Ако доволно и се препушташ на страста, тоа ќе го промени целиот твој живот. Ќе ги избрише грижите и ќе ти донесе радост.

Не дозволувај никој да ти каже „не“. Можеби ќе ти речат дека не си доволно добра, но можеш да бидеш. Ако сакаш да станеш подобра, вложи повеќе од својата страст. Ти го живееш својот живот и тоа е се што е важно на крајот. Луѓето околу тебе можат да мислат дека знаат што е најдобро или по кој пат треба да тргнеш. Но не знаат, и никогаш нема да знаат.

Чувај се што те прави искрено среќна. Верувај дека поседуваш доволно талент, и не е важно што некој зборува за тебе.
Кога нешто правиш со љубов тоа значи дека го правиш поради тоа што го сакаш а не затоа што мораш. На светот очајнички им требаат добри и среќни луѓе. Тоа се луѓе кои го прават она што го сакаат.

Биди еден од нив.

Прегледи:
398
Објавено на:
07.02.2020