Категории

Не престанувајте да се смеете дури ни кога сте тажни. Некој можеби ќе се вљуби во вашата насмевка!

Нова година: Време за промени и нови почетоци. Време е да го извлечете најдоброто од себе. Овие неколку мудри животни совети ќе ви помогнат да ја започнете 2017-та година на најдобар можен начин, но и да сфатите кои нешта имаат суштинско значење во животот…

„Никогаш не престанувајте да се смеете, дури ни кога сте тажни, бидејќи некој можеби ќе се вљуби токму во вашата насмевка.“ – Габриел Гарсија Маркес

1. Ако се најдете заглавени во сообраќај, не очајувајте! Постојат луѓе на светот за кои превозот е незамислива привилегија.

2. Ако имате лош ден на работа, помислете на луѓето кои со години се невработени.

3. Ако се жалите поради тоа што брзо ви поминал викендот, помислете на луѓето кои мораат да работат по 12 часа на ден, 7 дена во неделата за да ги прехранат своите деца.

4. Ако љубовната врска почне да ви пропаѓа, помислете на луѓето кои никогаш не почувствувале љубов.

5. Ако ви се расипал автомобилот и морате да одите пеш, помислете на луѓето во количка кои би дале сѐ за да прошетаат.

6. Ако сте доживеале загуба и сте почнеле да ја барате смислата на животот прашувајќи се „Која е поентата на моето постоење?“, сепак бидете благодарни. Постојат луѓе кои не живееле доволно долго за да добијат можност да си го постават истото прашање.

7. Ако се соочите со туѓата огорченост, незнаење, недостоинство и несигурност, сетете се дека нештата би можеле да бидат многу полоши. Бидете благодарни што вие не сте дел од тие луѓе!

8. Ако забележите бели влакна во косата, помислете на пациентите кои се болни од рак и ја изгубиле сета коса како последица од хемотерапијата.

Секогаш гледајте на светлата страна од животот, бидејќи секоја ситуација има две страни. Пред да донесете конечна одлука, погледнете ги и сослушајте ги и едната и другата страна. Ништо не е толку трагично колку што изгледа. За сѐ постои решение, само потребно е малку добра волја.

Прегледи:
357
Објавено на:
01.01.2017