Категории

Не разголувај ја својата душа пред непознати луѓе

Не секој е вреден да го види тој сокриен дел од тебе, не секој смее да ја допре до неа, нечии раце се валкани, не дозволувај да остават траги по неа.

Не откривај ја својата душа на секого. Не дозволувај секој да ѕирне во твоите најдлабоки чувства и најинтимни тајни, не секој го интересира што вистински чувствуваш, не секој вистински се грижи за тебе. Многумина од нив само сакаат да ги откријат твоите слабости и да ги искористат против тебе, не ги интересираш ти туку она кое те прави ранлив и кревок.
Не секој е вреден да го види тој сокриен дел од тебе, не секој смее да ја допре до неа, нечии раце се валкани, не дозволувај да остават траги по неа.

Внимавај кога некому му ги доверуваш своите чувства, со тоа свесно му предаваш оружје во негова моќ. Многумина ќе се обидат да те измамат ветувајќи сешто, но оние кои многу ветуваат, малку исполнуваат.

Чувај ја својата душа само за оние ретките, оние кои вистински ќе заслужат да ги видат сите нејзини бои, и нејзините рани и нејзините најубави недопрени полиња. Чувај ја за оние кои ќе ја почитуваат како свет храм, оние кои прво ќе ја отворат својата а потоа ќе ја сплотат со твојата.

Прегледи:
507
Објавено на:
14.06.2020