Категории

Не им робувај на туѓите мислења – Животот има многу повеќе бои отколку што другите можат да видат

Никој не поседува ничиј живот ниту има право да дава одредби како треба да го живеете. Не постојат правила ниту прописи кои се универзални за сечија среќа. 

Преголемата грижа за тоа што другите луѓе мислат никогаш нема да ни дозволи да го осетиме она чувство на слободата, никогаш нема да ги пронајдеме вистинските причини за среќа затоа што секогаш ќе бидеме заглавени во невидливиот кафез на стравот од осудата.

Ќе живееме со очајот да бидеме сакани а ќе се задоволуваме со трошки на туѓото внимание мислејќи дека тоа ќе ја задоволи нашата потреба. Од друга страна никогаш нема да имаме сила вистински да сакаме и да се препуштиме на чувствата.
Грижејќи се за тоа што мислат другите вечно ќе бидеме нивни робови. Ќе живееме живот исполнет со сомнежи и страв, живот на вечни кукавици.

Никој не го поседува ничиј живот нити правото да дава одредби како тој треба да биде живеен. Никаде нема правила нити прописи кои се универзални за сечија среќа. Тежнеј кој нештата кои ти ја хранат и исполнуваат душата, кои те прават безгрижен и ти влеваат надеж и радост, пронаоѓај инспирација таму каде што другите гледаат само пустош. Животот има многу повеќе бои отколку другите што можат да видат.

Прегледи:
471
Објавено на:
11.04.2020